Информации
Станици за технички преглед распоредени на територија на РМ
Регистрација на автобус
За учество во сообраќајот на патиштата, возилата треба да бидат:
- да бидат означени со налепница;
- регистрирани;
- да имаат важечка сообраќајна дозвола или важечка потврда за пробно возење;
- треба да бидат означени со пропишани регистарски таблици.
Опис на постапка
- Регистрација на автобус се врши со запишување на регистарската ознака и на определени податоци за возилото и сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото, во пропишаната евиденција за регистрираните возила .
- Регистрација на возилата се врши според живеалиштето , односно седиштето на сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото.
- Возилото се регистрира:
- на името односно називот на сопственикот, односно носителот на правото на користење ( физичко или правно лице );
- доколку возилото е сопственост на повеќе лица, се регистрира на името односно називот на едно од тие лица врз основа на нивна писмена спогодба заверена од нотар .
Регистрацијата важи една година, што значи треба да се обновува, односно продолжува секоја година .
Потребни документи
-
барање за регистрација;
-
фактура за купопродажба;
-
царинска потврда (доколку е увезено), подмирени такси и други давачки пропишани со закон;
-
хомологација;
-
доказ за техничка исправност на возилото не постар од 30 дена;
-
лична карта и присуство на сопственикот (физ. лица) , односно известување за распоредување (прав. лица) и
-
потврда за баждареност од тахографот.