Информации
Надлежен орган: Министерство за внатрешни работи на РМ
Web Site: www.mvr.gov.mk
Локации за регистрација:
Станици за технички преглед, распоредени на територија на РМ
Контакт информации: Ибраим Беќири, помошник министер во Оддел за граѓански работи и Ненад Ѓорѓијевски началник во Одделение за возила и возачи
Регистрација на ново моторно или приклучно возило
Барањето за регистрација се поднесува лично до Министерството за внатрешни работи, според местото на живеење на сопственикот, односно седиштето на правното лице.
Доколку возилото технички е исправно, овластените контролори барањето за регистрација на возилото го потпишуваат и заверуваат во делот за извршениот технички преглед
Со целокупната документација се упатувате на шалтерот за регистрација на моторни и приклучни возила каде што ќе издадат сообраќајна дозвола и регистарски таблици за возилото.
Доказот за техничка исправност на возилото не смее да биде постар од 30 дена.
Сообраќајна дозвола – 200,00 денари
Регистарските таблици – 1.200,00 денари (при регистрација на ново моторно возило се издаваат новите регистарски таблички кои се изработени според европски стандарди и ќе имаат 4 бројки овозможувајќи преку 4 милиони комбинации).
Сообраќајната дозвола важи 1 година. Ако во рок од 30 дена од денот на истекот на важењето на сообраќајната дозвола, не се поднесе барање за продолжување на регистрацијата:
– возилото се брише од евиденцијата на регистрираните возила
– регистарските таблици се одземаат, односно истите му се враќаат на органот кој возилото го регистрирал
Нови специјални регистерски таблички
Специјализираните (автоматизирани таблички) чинат 1200 евра. Овие таблички се изработуваат по барање на сопственикот. Истите може да содржат најмалку три, а најмногу девет црни букви и броеви, при што натписот не смее да биде провокативен, неетички или спротивен на правниот поредок на Република Македонија. Ќе се прицврстуваат на предниот дел на возилото
Потребни документи
– барање за регистрација на моторно-приклучно возило,
– лична карта и присуство на сопственикот (физички лица),
– известување за распоредување (правни лица),
– фактура за новокупеното возило,
– доказ за регулирани царински и даночни обврски за возилото, полиса за задолжително осигурување и докази за подмирени други давачки при регистрацијата (надоместок за користење на јавните патишта, комунална такса, административни таксени марки и др.),
– доказ за сообразност на возилото со хомологациските прописи за возила кои важат во Р. Македонија и
– доказ за техничка исправност на возилото