Информации
Надлежен орган: Министерство за внатрешни работи
Сектор: Управно надзорни работи
Одделение: Управни работи
Локации: Станици за технички преглед на територија на РМ
Регистрација на товарни возила
За учество во сообраќајот на патиштата, товарните возилата треба да бидат:
- да бидат означени со налепница,
- регистрирани,
- да имаат важечка сообраќајна дозвола или важечка потврда за пробно возење и
- треба да бидат означени со пропишани регистарски таблици.
Опис на постапка
- Регистрацијата на товарни возила се врши со запишување на регистарската ознака и на определени податоци за возилото и сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото, во пропишаната евиденција за регистрираните возила.
- Регистрација на возилата се врши според живеалиштето , односно седиштето на сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото
- Возилото се регистрира:
- на името односно називот на сопственикот, односно носителот на правото на користење (физичко или правно лице ),
- а доколку возилото е сопственост на повеќе лица, се регистрира на името односно називот на едно од тие лица врз основа на нивна писмена спогодба заверена од нотар .
Регистрацијата важи една година, што значи таа треба да се обновува , односно продолжува секоја година .
Потребни документи
-
Барање за регистрација на товарно возило;
-
фактура за купопродажба;
-
царинска потврда (доколку е увезено), подмирени такси и други давачки пропишани со закон;
-
хомологација;
-
доказ за техничка исправност на возилото – не постар од 30 дена;
-
лична карта и присуство на сопственикот (физ. лица) , односно известување за распоредување (прав. лица) и
-
потврда за баждареност на тахографот (за товарни возила со носивост поголема од 5 тона).