Информации
Станици за технички преглед, распоредени на територија на РМ
Регистрација на употребувано моторно или приклучно возило набавено во странство
Опис на постапка
- На еден од шалтерите во станиците за технички преглед на моторни и приклучни возила или МВР лично го поднесувате барањето за регистрација на употребувано моторно или приклучно возило кое било увезено од странство.
- Кон барањето треба да ги приложите и другите документи за остварување на оваа постапка.
- Доколку возилото повеќе пати било продавано, а не било пререгистрирано, тогаш меѓу друго треба да се приложат договорите за купопродажба на возилото, извршени помеѓу сопственикот на возилото запишан во странската сообраќајна дозвола и сите подоцнежни сопственици, до последниот сопственик.
Потребни документи
-
лична карта и присуство на сопственикот (физичко лице);
-
известување за распоредување (правно лице);
-
странска сообраќајна дозвола за возилото и писмен доказ за извршена одјава на возилото во земјата во која предходно било регистирано;
-
договор за купопродажба на возилото или друга соодветна исправа со која се докажува извршената промена на сопственоста;
-
доказ за регулирани царински и даночни обврски за возилото;
-
доказ за сообразност на возилото со хомологациските прописи за возила кои важат во Р Македонија;
-
доказ за техничка исправност на возилото кој не може да биде постар од 30 дена и
-
уплата за пропишаните такси и надоместоци, за регистрација на возило како и износот на име цена на чинење на образецот на сообраќајната дозвола и регистарските таблици.