Информации

Град Скопје
Сектор за планирање и уредување на просторот/ Одделение за уредување градежно земјиште и изградба на инфраструктурни и капитални објекти
бул. “Илинден“ бб, 1000 Скопје
Тел. +389 (2)3297 266;
+389 (2) 3297 267;
+389 (2) 3297 288
Работно време
08.30-16.30 часот

Регулирање на надоместок за уредување на градежно земјиште

Опис на постапка

  1. Барањето за регулирање на надоместокот за уредување на градежно земјиште заедно со целокупната потребна документација се поднесува во Aрхива на Град Скопје (барака бр. 16) .
  2. По предавањето на документацијата се врши пресметка и изготвување на Пресметка за плаќање.
  3. После подигнувањето на Налогот корисникот го регулира плаќањето.
  4. По доставениот начин на плаќање се склучува договор и се издава потврда за извршено плаќање, како и заверка на техничката документација.

Предвиден рок за постапката:

  • Налог – 15 дена по поднесување на барањето,
  • Договор, потврда, фактура и заверен проект – 5 дена по завршено плаќање.

Потребни документи (за пренамена на површини)

  • Заверен основен проект од надлежна Општина (со пропратно писмо и решение за локациски услови – услови за градба);
  • Документ за сопственост (имотен лист, поседовен лист, купопродажен договор со солемнизација).

Согласно програмата за уредување на градежно земјиште, не се наплатува пренамена на деловен во станбен простор.

Потребни документи (за изградба на објекти на неизградена градежна парцела)

  • Заверен основен проект од надлежна Општина (со пропратно писмо и решение за локациски услови – услови за градба);
  • Документ за сопственост (имотен лист, поседовен лист, купопродажен договор со солемнизација);
  • Согласности од:
    – Електро Дистрибуција – Скопје,
    – ЈП Водовод и Канализација – Скопје,
    – Топлификација АД -Скопје.

Потребни документи (За изградба на објекти на изградена градежна парцела)

  • Заверен основен проект од надлежна Општина (со пропратно писмо и решение за локациски услови – услови за градба);
  • Документ за сопственост (имотен лист, поседовен лист, купопродажен договор со солемнизација);
  • Согласности од:
    – Електро Дистрибуција – Скопје,
    – ЈП Водовод и Канализација – Скопje,
    – Топлификација АД -Скопје.
  • Доказ за платен надоместок за уредување на градежно земјиште за постоечки објект.
    • Доколку на градежната парцела постоечкиот објект е изграден пред 1968 година, да се приложи следната документација:
      – во колку има само поседовен лист да се приложи записник од мерење на терен со скици, или
      – договор за уредување на градежно земјиште, пресметки и потврда за наплатени средства, или
      – проект со одобрение за градба (заверени од надлежните институции),
    • Доколку на градежната парцела постоечкиот објект е доградуван, надградуван пред 1976 година, да се приложи следната документација:
      – во колку има само поседовен лист да се приложи записник од мерење на терен со скици, или
      – договор за уредување на градежно земјиште, пресметки и потврда за наплатени средства, или
      – проект со одобрение за градба. (заверени од надлежните институции).
    Во предвид се земаат нето површини од постоечкиот објект кои се во рамките на маркицата предвидена со ДУП, пресметани по правилникот за степен на уреденост на градежно земјиште кој е во сила.