Информации

Министерство за економија на РМ
Јуриј Гагарин 15,Скопје
Тел. +389 (2) 3093 408 Факс. +389 (2) 3084 472 email: contact@economy.gov.mk

Решение за овластување на правното лице за вршење на работи на техничка служба

Работите на техничките служби ги извршуваат правни лица кои се овластени со решение од министерот за економија, на предлог на органот за одобрување, а врз основа на акредитација од органот за оцена на компетентност.

За добивање овластување како техничка служба, правното лице:

  • треба да исполнува соодветни услови во поглед на просторот, опрема и кадри и е
  • должно да има соодветни способности, посебни технички знаења и докажано искуство во одделни области согласно со одредбите на Законот за возила и прописите донесени врз основа на овој закон.

Техничката служба како правно лице,  поднесува барање  за овластување за извршување на една или повеќе работи  согласно Законот за возила (член 57 став 1) до Министерството за економија / Сектор за внатрешен пазар.

Предвиден рок за постапката: 15 дена од денот на приемот на барањето од правното лице.

Потребни документи

  • Барање за донесување на Решение за овластување на правното лице за вршење на работи на техничка служба;
  • Доказ за упис во Централниот регистaр со регистрирана дејност за вршење на услуги за оцена на сообразност;
  • Број на вработен стручен кадар и докази за стручна подготовка, копии од обрасците М1/М2 за вработениот стручен кадар во редовен работен однос кај правното лице согласно член 15 став (5) од Правилникот за единечно одобрување;
  • Доказ за работен простор или договор заверен на нотар со важност од најмалку четири години, согласно член 16 од Правилникот;
  • Доказ за техничка опременост или договор;
  • Доказ дека e склучен договор за осигурување од професионална одговорност;
  • Доказ за позитивен бонитет, а за правното лице кое е новоосновано изјава од одговорното лице на правното лице дека во рок од шест месеци сметано од денот на издавањето на решението за овластување на правното лице за вршење на оцена на сообразност, ќе достави доказ за позитивен бонитет;
  • Копија од сертификатот за акредитација издаден од Институтот за акредитација на Република Македонија, заверена на нотар;
  • Предлог од Органот за одобрување;
  • Уплатница за уплатена административна такса во износ од 2.000,00 денари по тарифен број 101, согласно член 37 од Законот за административни такси, на образец – ПП50.