Информации

Министерство за економија на РМ
Јуриј Гагарин 15,Скопје
Тел. +389 (2) 3093 408 Факс. +389 (2) 3084 472 email: contact@economy.gov.mk

Решение за овластување за вршење на работите во постапката за идентификација и идентификација и оцена техничката состојба на возилата

Работите на идентификација и идентификација и оцена на техничката состојба може да ги извршуваат правни лица за технички преглед кои за тоа добиле овластување од министерот за економија.

  • Правното лице за технички преглед не може да врши технички преглед, односно идентификација или идентификација и оцена на техничката состојба на сопствените возила.

За добивање на овластување, правното лице треба да ги исполнува условите кои се однесуваат на:

  • соодветен стручен кадар,
  • потребна опрема,
  • уреди и простор и
  • осигурување од професионална одговорност.

Барањето за добивање на Решение за овластување за вршење на работите во постапката за идентификација и идентификација и оцена техничката состојба на возилата комплетирано со целосна документација, се поднесува до Министерството за економија/ Сектор за внатрешен пазар.

Потребни документи

  • Барање на правното лице за вршење на технички преглед за добивање на Решение за овластување за вршење на работите во постапката за идентификација и идентификација и оцена техничката состојба на возилата;
  • Копија од Решението за овластување на правното лице да врши технички преглед, издадено од Министерството за внатрешни работи, заверена на нотар;
  •  Доказ за затворен работен простор за преглед на возила или договор заверен на нотар со важност од најмалку 4 години, согласно член 16 од Правилникот за идентификација и за идентификација и оцена на техничката состојба на возилата;
  • Потврда за положен стручен испит и докази за стручна подготовка, копии од обрасците М1/М2 за вработениот стручен кадар во редовен работен однос кај правното лице согласно член 18 од Правилникот;
  • Доказ дека e склучен договор за осигурување од професионална одговорност;
  • Упатство за работите опфатени во постапките и детален опис за изведување на секоја од постапките за идентификација и за идентификација и оцена на техничката состојба на возилата согласно член 17 од Правилникот и
  • Уплатница за уплатена административна такса во износ од 2.000,00 денари по тарифен број 156, согласно член 37 од Законот за административни такси на образец – ПП50.