Информации

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
ул. Аминта Трети бр. 2 1000 Скопје Република Македонија
тел:(02) 3134 477
факс:(02) 3230 429
е-пошта: info@mzsv.gov.mk

Решение за ставање на виното во промет

Вино произведено во Република Македонија може да стави во промет само производител на вино запишан во Регистарот на производители на вино.

Барањето за добивање на решение за ставање на виното во промет се поднесува на образец во А4 формат на хартија во бела боја до Министерството за земјоделие.

Образецот на барањето  ги содржи следните податоци:

  • Назив на органот до кој се поднесува барањето;
  • Во средишниот дел назив на барањето;
  • Име/назив и адреса/седиште на барателот;
  • ЕМБГ/ЕMБС на барателот;
  • Број и датум на решението за запишување на барателот во Регистарот на производители на вино;
  • Опис на производот;
  • Број и датум на решение за запишување во Регистарот на вина со заштитен географски назив;
  • Заштитен географски назив;
  • Трговско име за ставање на виното во промет;
  • Ознака на садот/садовите од кој ќе се земе мострата;
  • Сорта/ сорти на винско грозје од кои е добиено виното за кое се бара Решение за ставање во промет;
  • Вистинска алкохолна јачина во % вол.;
  • Серија на производство (лот);
  • Боја на производот;
  • Година на берба, доколку се исполнети законските одредби за декларирање на годината на берба;
  • Тип и големина на пакувањето на виното за кое се бара Решение за ставање во промет;
  • Магацин на складирање на виното и негова адреса;
  • Вкупна количина на виното за кое се бара Решение за ставање во промет;
  • Земја на дестинација и
  • Место за датум и потпис на барателот.
Извоз на вино произведено во Република Македонија може да врши производителот на вино или друго правно лице сопственик на вино за кое е издадено решение за ставање на виното во промет.