Информации

Министерство за економија на РМ
Јуриј Гагарин 15, 1000 Скопје
Тел.+389 2 3093 485 +389 2 3093 486 email: info@economy.gov.mk

Запишување во регистарот на производители, извозници и увозници на тутунски производи

Производителот, извозникот и увозникот на тутунски производи се должни на пропишан образец да поднесат барање до Министерството за економија за запишување во регистарот на производители, извозници и увозници на тутунски производи.

Државниот пазарен инспекторат во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето врши увид на исполнувањето на условите од членовите 35 и 36 на Законот за тутун и тутунски производи, а записникот за извршениот увид го доставува до Министерството за економија.

По утврдувањето на исполнетоста на условите, Министерството за економија донесува во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето, решение за упис и бришење од регистарот на производители, извозници и увозници на тутунски производи.

Доколку Министерството за економија не донесе решение за упис во регистарот на производители, извозници и увозници на тутунски производи, односно не донесе решение за одбивање на барањето во предвидениот рок, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот за економија, за донесување на решение по поднесеното барање.

Кон барањето за донесување на решението за упис во регистарот на производители, извозници и увозници на тутунски производи подносителот на барањето доставува и копија од барањето.

Министерот за економија е должен во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето да донесе решение со кое барањето за издавање на решение за упис во регистарот на производители, извозници и увозници на тутунски производи е уважено или одбиено. Доколку министерот за економија нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Министерството за економија.