Информации

Секретаријат за европски прашања (СЕП)
- Зграда на Влада на Република Македонија
Илинденска бб, 1000 Скопје
Тел. +389 (2) 3200 100,
+389 (2) 3239 165
Факс. ++389 (2) 3113 710
еmail. cabinet@sep.gov.mk

Секретаријат за европски прашања – СЕП

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) е основан како посебна стручна служба на Владата на Република Македонија во 2005 година, со трансформација на претходниот Сектор за европска интеграција во рамките на Генералниот секретаријат на Владата. Формирањето на Секретаријатот е резултат на  потреби кои произлегуваат од интензивирањето на процесот на интеграција на Република Македонија во Европската унија, во функција на стратегиската цел за членство на Република Македонија во Европската унија.

Секретаријатот за европски прашања работи на:

  • Координација и усогласување на работата на органите на државната управа и на другите органи и институции за подготовка на Република Македонија за членство во Европската унија;
  • Следење на спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација склучена меѓу Република Македонија и Европските заедници и нивните земји-членки и другите договори склучени меѓу Република Македонија и Европската унија;
  • Учество и следење на работните тела формирани во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и другите договори со Европската унија;
  • Координација и следење на реализацијата на Европското партнерство;
  • Координација и следење на реализацијата на Националната програма за усвојување на правото на Европската унија;
  • Подготовка на македонската вeрзија на правото на Европската унија (aquis communautaire ) и преведување на македонското законодавство;
  • Јакнење на институционалниот капацитет за водење на процесот на европска интеграција;
  • Подготовка за преговори на Република Македонија за членство во Европската унија и учеството во формулирање на идните преговарачките позиции;
  • Координација на странската помош од Европската унија и нејзините земји-членки и другата странска помош поврзана за реформите комплементарни на процесот на интегрирање на Република Македонија во Европската унија;
  • Информирање и комуникација со јавноста за активностите поврзани со процесот на европската интеграција и европските прашања;
  • Усогласување на работата на органите на државната управа на Република Македонија како земја-членка на Европската унија.