Информации
Ссекретаријат за законодавство
„Мито Хаџивасилев Јасмин“ бр.1 , 1000 Скопје
Тел: +389 232 28 203
Факс: + 389 232 28 203
email: info@sz.gov.mk
web: www.sz.gov.mk
Секретаријат за законодавство
Секретаријатот за законодавство ја остврува својата функција и во обезбедувањето на методолошкото единство во подготвувањето на законите и другите прописи од аспект на нивно стручно правно концепирање согласно правниот систем и номотехничко оформување на текстовите на законите и другите прописи што ги подготвуваат министерствата и другите органи на управата преку давање стручни правни мислења до истите.
Надлежности на Секретаријатот за законодавство:
- дава стручна помош на органите на државната управа и управните организации и учествува во изготвување на законите и другите прописи.
- проучува прашања од обалста на правниот систем и дава по истите стручни мислења и предлози на Владата на Република Македонија по тие прашања
- се грижи за објавување на происите и другите акти на министрите кои раководат со министерствата и функционерите кои раководат со други органи на управата и управните организации.