Информации

Совет за унапредување и надзор на равизијата Ул. „11 Октомври" бр.7/2 спрат Г.Т.Ц. 6 Секција - Скопје, П. факс бр. 488 тел. +389 2 32 22 667 contact@sunr.mk

Совет за унапредување и надзор на ревизијата

Заради унапредување и надзор над вршењето на ревизијата, Владата на Република Македонија на предлог на министерот за финансии основа Совет за унапредување и надзор на ревизијата како самостојно и независно регулаторно тело, со јавни овластувања утврдени со Законот за ревизија. Советот стекнува својство на правно лице со упис во Регистарот на други правни лица што се води во Централниот регистар на Република Македонија.

Надлежности на Советот се:

  • донесување Статут на Советот,
  • донесување Деловник за својата работа, годишна програма, финансиски план и годишен извештај на кои согласност дава Владата на Република Македонија,
  • донесува Тарифник за издавање лиценца за работа за вршење на работи на ревизија на друштва за ревизија, овластен ревизор – трговец поединец и на овластени ревизори на кој согласност дава Владата на Република Македонија,
  • издава лиценца за работа за вршење на работи на ревизија на друштва за ревизија и овластен ревизор – трговец поединец,
  • го поттикнува придржувањето кон високите професионални стандарди во ревизорската професија,
  • ја следи примената на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на него и врз таа основа му предлага на министерот за финансии изготвување на соодветни изменувања и дополнувања на истите,
  • ја следи примената и дава согласност на актите на Институтот на овластени ревизори и му предлага на Институтот на овластени ревизори нивно изменување и дополнување,
  • склучува меморандум за соработка со институции за јавен надзор од други земји и
  • врши други работи утврдени со овој закон и Статутот.