Информации

Министерство за транспот и врски на РМ
"Црвена Скопска Општина" број 4, 1000 Скопје
Тел. + 389 (0)2 3145 497,
+ 389 (0)2 3123 292
Факс. + 389 (0)2 3126 228
e-mail: contact@mtc.gov.mk

Стекнување право на сопственост на градежно земјиште кое се користи врз основа на договор склучен со поранешниот сопственик (посебни случаи на стекнување на право на сопственост на градежно земјиште)

Лице кое користи градежно неизградено и изградено земјиште пренесено од поранешен приватен сопственик, може да стекне право на сопственост на тоа земјиште ако истото го користи врз основа на договор склучен со поранешен сопственик повеќе од 20 години од денот на склучувањето на договорот и кога ќе плати данок на промет за земјиштето.

Опис на постапка

  1. Постапка за стекнувањето на правото на сопственост  ја води општината на чие подрачје се простира градежното земјиште и се поведува врз основа на барање.
  2. По барањето – општините одлучуваат согласно со одредбите од Законот за општата управна постапка.

Потребни документи

  • Барање за стекнување право на сопственост на градежно земјиште кое се користи врз основа на договор склучен со поранешниот сопственик;
  • доказ за идентификација на барателот, односно лицата кои се негови наследници според прописите на наследување (фотокопија од лична карта или патна исправа);
  • договор за купопродажба на земјиштето;
  • податоци за градежното земјиште (имотен лист од Агенцијата за катастар на недвижности);
  • извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела согласно со Законот за просторно и урбанистичко планирање;
  • геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;
  • уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина;
  • изјава заверена на нотар во која сопственикот на земјиштето или неговиот законски наследник признава дека земјиштето е продадено или судска пресуда со која се потврдува дека за земјиштето пренесено од поранешен приватен сопственик е склучен договор со поранешен сопственик и
  • администартивна такса  – 1000, 00 ден (уплатница).