Информации

Централен депозитар за хартии од вредност Кузман Јосифовски Питу 1, 1000 Скопје
Тел. +389 (2) 3299 800
еmail: cdhv@cdhv.org.mk

Централен депозитар за хартии од вредност

Основни функции на Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје – ЦДХВ АД Скопје  се:

  • водење регистар на хартиите од вредност;
  • давање меѓународен број за идентификација на хартиите од вредност (ISIN) за сите емисии на хартиите од вредност;
  • запишување на сопствениците на хартии од вредност;
  • порамнување на трговските трансакции според принципот испорака наспроти плаќање;
  • вршење на нетрговските преноси;
  • овозможување услови за позајмување на хартиите од вредност;
  • следење на финансиската состојба на неговите членки, со цел управување со ризикот поврзан со можно непорамнување на трговските трансакции  и
  • вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.