Информации

Централен регистар на РМ
бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3290 241
Факс. + 389 (2) 3123 169
Работно време
8.30 - 16.30

Централен регистар на РМ (ЦРМ)

Централниот регистар на Република Македонија  (ЦРМ) е основан како централна информативна база на правни и друг вид релевантни податоци кои се внесуваат во него.  Во делокругот на работата на ЦРМ спаѓаат:

  • внесување на податоци (базата на податоци кои се утврдени со Законот за централен регистар се внесуваат во Централниот регистар каде што електронски се обработуваат,обединуваат, селектираат, чуваат и прават достапни до заинтересираните корисници.);
  • чување на податоците (обработените, обединетите и класифицираните податоци од Централниот регистар се складираат и чуваат во седиштето на Регистарот) и
  • користење на податоците (податоците од Централниот регистар можат да ги користат сите физички и правни лица, домашни и странски, освен ако за некои од нив поинаку не е определено со закон или со договор).