Информации

Централен регистар на РМ
бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3290 241,
+ 389 (2) 3290 248
Факс.+ 389 (2) 3123 169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30

Упис на одлуката за намалување на основната главнина (Редовно намалување на основната главнина – Акционерско друштво)

Опис на постапка

  1. На одлуката за намалување на основната главнина се врши предбележба во трговскиот регистар. За предбележбата се поднесува пријава за упис.
  2. Претседателот на одборот на директори, односно претседателот на управниот одбор, наредниот работен ден по уписот на предбележбата на одлуката за намалувањето на основната главнина во трговскиот регистар, ја објавува намерата за намалување на основната главнина во „Службен весник на Република Македонија“ и најмалку во еден дневен весник. Во огласот друштвото објавува дека е согласно на секој доверител кој ќе поднесе барање да му исплати пристигнато побарување или да му даде обезбедување за побарувањето. Ако по истекот на 90 дена од денот на објавувањето на огласот не биде поднесено барање за исплата на побарување, се смета дека сите доверители се согласни со одлуката за намалување на основната главнина.
  3. Познатите доверителите чиишто побарувања надминуваат 10.000 ЕВРА во денарска противвредност, се известуваат по писмен пат, поединечно, во местото на живеење, односно седиштето на доверителот запишани во трговскиот регистар.

Потребни документи

  • пријава за упис;
  • одлуката на собранието за намалување на основната главнина и
  • изводот од записникот од седницата на собранието на којашто е донесена одлуката за намалување на основната главнина, заверен од нотар.

Упис на извршено намалување на основната главнина

Во рок од 8 дена од денот по извршеното намалување на основната главнина се поднесува пријава за упис во трговскиот регистар. Основната главнина се намалува за вкупното намалување на номиналниот износ на еден или на повеќе родови акции, односно за вкупниот намален номинален износ на споените акции од еден или од повеќе родови акции или за вкупниот номинален износ на повлечените акции. Основната главнина е намалена со уписот на одлуката за намалување на основната главнина во трговскиот регистар.