Информации

Централен регистар на РМ
бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3290 241,
+ 389 (2) 3290 248
Факс.+ 389 (2) 3123 169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30

Упис на одлуката за престанување на друштвото (Акционерско друштво)

Опис на постапка

  1. Органот на управување, односно друго физичко лице овластено од собранието коешто ја донело одлуката за престанување на друштвото, поднесува пријава заради упис во трговскиот регистар на одлуката за престанување на друштвото.
  2. Ако одлуката не биде пријавена и запишана на  овој начин, по предлог на секое лице кое има правен интерес, судот упатува повик до органот на управување, односно овластеното физичкото лице  во рок не подолг од 8 дена од денот на приемот на известувањето, да поднесе пријава за упис во трговскиот регистар на одлуката за престанување на друштвото.
  3. Ако во овој рок не биде поднесена пријавата, судот упатува повторен повик во којшто го преупредува органот на управување, односно овластеното физичкото лице  дека по истекот на дополнителниот рок, којшто не е подолг од 8 дена од денот на приемот на повторното известување, по службена должност, ќе побара од Централниот регистар дa ја запише во трговскиот регистар одлуката за престанување на друштвото и ќе назначи ликвидатори, во согласност со овој закон.
  4. Ако органот на управување не постапи на овој начин, членовите на органот на управување, односно овластеното физичкото лице – се лично, неограничено и солидарно одговорни со сиот свој имот за штетата што ќе биде предизвикана од неисполнувањето на нивната обврска.
  5. Ако одлуката за престанување на друштвото ја донел судот, судот, по службена должност, ја доставува до Централниот регистар на Република Македонија кој ја запишува во трговскиот регистар.