Информации

Централен регистар на РМ
бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3290 241,
+ 389 (2) 3290 248
Факс.+ 389 (2) 3123 169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30

Упис на зголемувањето на основната главнина со средства на друштвото (Зголемување на основната главнина од средства на друштвото – Акционесрко друштво)

Во рок од 8 дена од денот на издавањето на акциите, според одлуката за зголемување на основната главнина со средства на друштвото, се поднесува пријава за упис во трговскиот регистар на зголемувањето на основната главнина.

Потребни документи

  • пријава за упис во трговскиот регистар на зголемувањето на основната главнина;
  • пресметката на трошоците од издавањето на новите акции;
  • пречистениот текст на статутот;
  • одобрението од надлежен орган ако за зголемувањето на основната главнина тоа е определено со закон;
  • годишната сметка ревидирана од страна на овластен ревизор за кој ревизорот изразил мислење без резерва или мислење со резерва кое не ја доведува во прашање објективноста на годишната сметка;
  • одлуката за зголемување на основната главнина со средствата на друштвото;
  • изводот од записникот од седницата на собранието на којашто е донесена одлуката за зголемување на основната главнина со средствата на друштвото, заверен од нотар и
  • изјава потпишана од претседателот на одборот на директори, односно од претседателот на управниот одбор со која гарантира дека според годишната сметка или финансискиот извештај што е земен како основа за зголемување на основната главнина за која овластениот ревизор изразил мислење без резерва или мислење со резерва кое не ја доведува во прашање објективноста на годишната сметка, до денот на поднесувањето на пријавата за упис во трговскиот регистар на зголемувањето на основната главнина, не дошло до намалување на имотот на друштвото, кое би било пречка за зголемување на основната главнина со средства од друштвото, ако за зголемувањето би се одлучувало на денот на поднесувањето на пријавата.