Информации

Централен регистар на РМ
бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3290 241,
+ 389 (2) 3290 248
Факс.+ 389 (2) 3123 169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30

Упис на зголемувањето на основната главнина со влогови (Акционерско друштво)

Зголемувањето на основната главнина со влогови може да се врши само со издавање нови акции. Новоиздадените акции можат да се платат со пари и со внесување непарични влогови.

По извршеното зголемување на основната главнина со влогови, во рок од 8 дена од извршеното зголемување на основната главнина, се поднесува пријава за упис во трговскиот регистар на зголемувањето на основната главнина.

Известувањето за уписот на зголемувањето на основната главнина се објавува во трговскиот регистар.

Потребни документи

  • пријава за упис на зголемувањето на основна главнина со влогови;
  • одлуката за зголемување на основната главнина со влогови, а ако постојат повеќе родови акции и одлуката за согласност од акционерите од секој род акции;
  • изводот од записникот од седницата на собранието на којашто е донесена одлуката за зголемување на основната главнина со влогови, заверен од нотар;
  • одобрението од Комисијата за хартии од вредност за издавањето акции;
  • извештајот за процена ако зголемувањето на основната главнина на друштвото се врши со внесување непарични влогови и доказот за сопственост во којшто е извршена прибелешка во јавна книга за евиденција на недвижни ствари, а ако се внесува подвижна ствар за којашто со закон е определена обврска за евиденција (регистар) – доказ за сопственост над подвижната ствар;
  • договорот за внесување на секој непаричен влог;
  • пресметката на трошоците од издавањето на новите акции;
  • пречистениот текст на статутот;
  • доказот за оствареното право на првенство за запишување на издадените акции, како и списокот на лицата кои го оствариле тоа право, со назначување на бројот на акциите што ги стекнале и влоговите што ги уплатиле, односно што ги внеле за нивното стекнување, потпишан од претседателот на органот на управување, ако правото на првенство за запишување не е исклучено;
  • одобрението од надлежен орган ако за зголемувањето на основната главнина тоа е определено со закон;
  • договор за заем што се трансформира во влог во друштвото во постапка на зголемување на основната главнина на друштвото и
  • одлука за трансформација на заем што се трансформира во влог на друштвото во постапка на зголемување на основната главнина на друштвото