Информации

Централен регистар на РМ
бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3290 241,
+ 389 (2) 3290 248
Факс.+ 389 (2) 3123 169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30

Упис на зголемувањето на основната главнина (Условно зголемување на основната главнина – Акционерско друштво)

Се смета дека зголемување на основната главнина е извршено со издавањето на акциите и ако е остварена некоја од целите:

  • доверителите на друштвото да можат да го остварат правото на замена на конвертибилните обврзници со акции на друштвото и правото на првенство за запишување на новите акции коишто друштвото ќе ги издаде;
  • подготовка за присоединување и за поделба со раздвојување со преземање или издвојување со преземање и
  • остварување на правото на акции на вработените, на извршните членови на одборот на директори, на управниот одбор, односно на управителот на друштвото и на членовите на овие органи на друштвата поврзани со него.

По извршеното зголемување на основната главнина, во рок од 8 дена, се поднесува пријава за упис во трговскиот регистар за вкупниот износ за којшто е зголемена основната главнина.

Потребни документи

  • пријава за упис во трговскиот регистар за вкупниот износ за којшто е зголемена основната главнина;
  • одобрението од Комисијата за хартии од вредност за издавањето акции;
  • извештајот за процена ако зголемувањето на основната главнина на друштвото се врши со внесување непарични влогови и доказот за сопственост во којшто е извршена прибелешка во јавна книга за евиденција на недвижни ствари, а ако се внесува подвижна ствар за којашто со закон е определена обврска за евиденција (регистар) – доказ за сопственост над подвижната ствар;
  • договорот за внесување на секој непаричен влог;
  • пресметката на трошоците од издавањето на новите акции;
  • пречистениот текст на статутот;
  • одобрението од надлежен орган ако за зголемувањето на основната главнина тоа е определено со закон.
  • одлуката за условно зголемување на основната главнина;
  • извод од записникот од седницата на собранието на којашто е донесена одлуката за условно зголемување на основната главнина, заверен од нотар и
  • изјава со која органот на управување тврди дека обврзниците и акциите биле издадени само заради остварување на целта определена во одлуката за условно зголемување на основната главнина.