Информации

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
ул. Аминта Трети бр. 2 1000 Скопје Република Македонија
тел:(02) 3134 477
факс:(02) 3230 429
е-пошта: info@mzsv.gov.mk

Упис во Регистарот на производители на вино

Производство на вино заради ставање на вино во промет може да врши физичко и правно лице кое:

  • располага со соодветни простории и опрема за производство на вино во своја сопственост или користи простории и опрема во сопственост на друго физичко или правно лице кое нема финансиски обврски за купено винско грозје во претходните години,
  • правното лице да има вработено најмалку едно лице со завршено високо образование од областа на винарството или лозарството,
  • физичкото лице да има завршено високо образование од областа на винарството или лозарството или да има со договор ангажирано лице со завршено високо образование од областа на винарството или лозарството,
  • нема финансиски обврски за купено винско грозје во претходните години и
  • не било избришано од Регистарот на производители на вино во претходната календарска година.

Заради евиденција на производителите на вино, Министерството за земјоделие води Регистар на производители на вино. За издавање на Решение за упис во Регистарот на производителите на вино производителот треба да достави БАРАЊЕ за упис и копија од барањето. 

Со БАРАЊЕТО производителот на вино кој е правно лице до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поднесува и следните документи:

  • Извод за тековна состојба на правно лице издадена од Централниот Регистар на Република Македонија кој не може да биде постар од 30 дена,
  • доказ за сопственост или договор за користење/закуп на објектите и опремата или доказ за поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект до надлежната единица на локалната самоуправа,
  • спецификација за расположлива опрема согласно Правилникот за поблиските услови во поглед на просториите и опремата за производство на вино,
  • известување за започнување со вршење на дејност издадено од Министерство за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд,
  • решение за регистрирање во Регистарот на објекти и оператори со храна со шифра на дејност „11.02 – Производство на вино од грозје“, издадено од Агенцијата за храна и ветеринарство,
  • изготвен извештај за извршен технички преглед од надзорен инженер,
  • изјава од одговорното лице во правното лице дека нема финансиски обврски за купено винско грозје во претходните години,
  • изјава од одговорното лице во правното лице дека нема финансиски обврски за купено винско грозје во претходните години на сопственикот на објектите и опремата за производство на вино, ако производителот на вино користи објекти и опрема за производство на вино врз основа на договор за закуп, односно користење,
  • изјава од одговорното лице во правното лице дека во претходната година производителот на вино не бил избришан од Регистарот поради неплаќање на финансиските обврски за купено винско грозје,
  • образец М1 и М2 за стручното лице и доказ за завршено високо образование за истото,
  • записник од Државниот инспекторат за земјоделство за исполнување на условите согласно Правилникот за поблиските услови во поглед на просториите и опремата за производство на вино, и
  • доказ за платени административни такси.
  • Со пријавата од член 2 на овој правилник производителот на вино кој е физичко лице до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поднесува и следните документи:
  • доказ за сопственост или договор за користење/закуп на објектите и опремата или доказ за поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект до надлежната единица на локалната самоуправа,
  • спецификација за расположлива опрема согласно Правилникот за поблиските услови во поглед на просториите и опремата за производство на вино,
  • решение за регистрирање во Регистарот на објекти и оператори со храна со шифра на дејност „11.02 – Производство на вино од грозје“, издадено од Агенцијата за храна и ветеринарство,
  • изготвен извештај за извршен технички преглед од надзорен инженер,
  • договор за ангажирање на стручното лице со завршено високо образование од областа на винарството или лозарството доколку нема завршено високо образование од областа на винарството или лозарството,
  • записник од Државниот инспекторат за земјоделство за исполнување на условите согласно Правилникот за поблиските услови во поглед на просториите и опремата за производство на вино и
  • доказ за платени административни такси.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за упис во Регистарот на производители на вино, донесува решение со кое одлучува по барањето за издавање на решение за упис во регистарот на производители на вино.