Информации

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
ул. Аминта Трети бр. 2 1000 Скопје Република Македонија
тел:(02) 3134 477
факс:(02) 3230 429
е-пошта: info@mzsv.gov.mk

Упис во Регистарот на увозници на одделни земјоделски производи

Правните лица кои увезуваат одделни земјоделски производи со цел да ги продаваат во првобитна, доработена или во преработена форма се регистрираат во Регистарот на увозници на одделни земјоделски производи.

За упис во Регистарот на увозници на одделни земјоделски производи кон барањето кое треба да се поднесе до Министерството за земјоделие се поднесува и следната документација:

1. Документ за тековна состојба и доказ дека не е отворена постапка за ликвидација или стечајна постапка од Централен Регистар на Република Македонија;

2. Одобрение за објект за производство и промет на храна од Дирекција за храна доколку е регистриран за вршење на соодветна дејност преработка на земјоделски производи;

3. Образец М1/М2 за вработени лица во редовен работен однос на неопределено работно време или потврда од Агенција за вработување;

4. Заверена копија од склучени договори за продажба на увезените земјоделски производи доколку увозот не се врши заради преработка за сопствени потреби;

5. Записник од Државен инспекторат за земјоделство за докажување на условот дека увозникот располага со соодветни објекти и опрема согласно актот со кој се пропишуваат услови кои треба да ги исполнуваат увозниците на одделни земјоделски производи;

6. Документ за расположливи финансиски средства и намирени обврски за откуп на земјоделски производи и тоа:

  • писмо на интерес од деловна банка за докажување на расположливи финансиски средства за откуп за тековната година или
  • информација за економско финансиска состојба издадена од Централен Регистар на Република Македонија или
  • ревизорски извештај од независна ревизорска куќа доколку има законска обврска за работењето во претходната година.