Информации
Централен регистар на РМ
бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3290 241,
+ 389 (2) 3290 248
Факс.+ 389 (2) 3123 169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30
Упис во трговскиот регистар на извршеното зголемување на основната главнина (Одобрен капитал – Акционерско друштво)
Во рок од 8 дена од денот на преземањето на акциите, се поднесува пријава за упис на зголемувањето на основната главнина во трговскиот регистар соодветно на вкупниот износ на преземените акции.
Потребни документи
-
пријава за упис на зголемувањето на основната главнина во трговскиот регистар;
-
изводот од записникот од седницата на собранието на којашто е донесена одлуката за зголемување на основната главнина со влогови, заверен од нотар;
-
одобрението од Комисијата за хартии од вредност за издавањето акции;
-
извештајот за процена ако зголемувањето на основната главнина на друштвото се врши со внесување непарични влогови и доказот за сопственост во којшто е извршена прибелешка во јавна книга за евиденција на недвижни ствари, а ако се внесува подвижна ствар за којашто со закон е определена обврска за евиденција (регистар) – доказ за сопственост над подвижната ствар;
-
договорот за внесување на секој непаричен влог;
-
пресметката на трошоците од издавањето на новите акции;
-
одобрението од надлежен орган ако за зголемувањето на основната главнина тоа е определено со закон;
-
статутот во којшто е содржана одредбата за условно зголемување на основната главнина;
-
изводот од записникот од состанокот на органот на управување на кој е донесена одлука за издавање на акции;
-
согласност на мнозинството неизвршни членови на одборот на директори, односно на мнозинството членови на надзорниот одбор, ако со овластувањето од членот 436 став (1) од ЗТД одборот на директори исклучувањето на правото на првенство за запишување може да го изврши само со нивна согласност и
-
изјавата со која органот на управување тврди дека акциите биле издадени во рамките на овластувањето за издавање нови акции само заради остварување на целта определена во овластувањето ако била определена со статутот.