Информации

Министерство за финансии на РМ
„Даме Груев“ бр. 14, 1000 Скопје
тел. +389 (2) 3117 288
факс. +389 (2) 3117 280

Управа за имотно-правни работи

Управата за имотно правни работи е орган во состав на Министерството за финансии, без својство на правно лице.

Управата за имотно правни работи e организациски поделена на два секториСекторот за нормативно имотно-правни и облигациони работи ги уредува имотно-правните односи (изготвување и предлагање на законски прописи и подзаконски акти), кога една од страните е државата (експропријација, приватизација на градежно земјиште).

Секторот за нормативно имотно-правни и облигациони работи се произнесува со мислења кога се во прашање сопственичките и другите имотно-правни односи, а се предмет на интерес на Владата и другите државни органи и единиците на локалната самоуправа, како и в рши евиденција на недвижните ствари кои државните органи престанале да ги користат и евиденција за потребите од користење на недвижни стари на државните органи согласно Законот за користење и располагање со стварите што ги користат и располагаат државните органи.