Информации
Министерство за правда на РМ
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 9, 1000 Скопје;
тел. +389 (2) 3117 277,
факс. +389 (2) 3226 975
Управа за извршување на санкциите
Управата за извршување на санкциите е орган во состав на Министерството за правда со својство на правно лице чија функција е да врши работи од делокругот на Министерството што се однесуваат на извршувањето на санкциите.
Надлежности на Управата за извршување на санкциите
Управата за извршување на санкциите е орган во состав на Министерството за правда со својство за правно лице. Со Управата раководи директор кој го именува и разрешува Владата на Република Македонија по предлог на министерот за правда, за време од пет години со право на повторен избор. Со општите акти за организација и систематизација на работите и задачите се определуваат организационите единици за извршување на функциите на Управата, кои се прикажани во органограмот на Управата за извршување на санкциите.
Согласно Законот за извршување на санкциите, Управата за извршување на санкциите ги има следните надлежности:
- да го организира, спроведува и врши надзор на извршувањето на казната затвор, малолетнички затвор, алтернативните мерки, општокорисна работа и куќен затвор, заштитниот надзор изречен со одлука за условна осуда или за условен отпуст, како и воспитната мерка упатување во воспитно – поправен дом;
- да обезбедува континуирана обука и усовршување на вработените, односно да организира обуки и да врши проверка на знаењето и способностите на вработените во казнено-поправните и воспитно поправните установи;
- да остварува соработка со установи, здруженија и организации кои се занимаваат со проблемите на извршувањето на санкциите.