Информации
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
- Управа за семе и саден материјал
ул. „Аминта Трети“ бр. 2 трети кат, 1000 Скопје
Телефон/факс: 02/3134-477
Управа за семе и саден материјал
Управата за семе и саден материјал е орган во состав на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Таа е формирана 2001 година и нејзина основна цел е контрола на производство, увоз-извоз и трговија на семенски и саден материјал за земјоделски растенија, развој на земјоделското производство, заштита на животната средина и природата, како и заштита на потрошувачите.
Управата е составена од три одделенија и тоа:
- Одделение за признавање, одобрување и заштита на сорти кое е надлежно за признавање, одобрување и запишување на нови домашни и странски сорти во Националната сортна листа на Република Македонија, само запишана сотра во оваа листа може да се увезе и тргува во нашата држава.
- Одделение за контрола и постконтрола на семенски посеви и насади е надлежно за спроведување на контрола и постконтрола на производството на серѕифициран семнски и саден материјал во нашата држава.
- Одделение за Ген -банка е надлежно за чување и одржување на автохтони видови, дефинитивни примероци од признаени и запишани домашни и странски сорти.
Задачи и овластување на Управата за семе и саден материјал
- Врши организациони и со нив поврзани стручни задачи од областа на производство, подготовка за трговија на семенски и саден материјал, пакување, сертифицирање, трговија со семенски и саден материјал од сорти на земјоделски растенија и врши внесувања на сорти на земјоделски растенија во националната листа и друго;
- изготвување и објавување на податоци за производство и сертифицирање на семенски и саден материјал;
- подготовка на извештаи, анализи, информации и други материјали од областа на семенарството, за органи и меѓународни организации кои Република Македонија мора да ги известува во согласност со прописите и врз основа на меѓународните договори ратификувани од Република Македонија;
- соработка со други органи,организации, здруженија и други правни лица во Република Македонија и во други земји;
- застапување на Република Македонија по овластување на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на собири на меѓународните органи и организации од областа на семето и садниот материјал, особено OECD и ISTA;
- може да бара податоци за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и други податоци од областа на семенарството, од органите и организациите во други држави и
- врши и други рабити утврдени со овој или друг закон.