Информации

Управа за водење на матичните книги

Бул. Св. Кирил и Методиј 54, 1000 Скопје
тел: 389 (2) 3223-787
факс: 389 (2) 3215-406
e-mail: contact@uvmk.gov.mk

Управа за водење на матичните книги

Управа за водење на матичните книги има основна надлежност за водење на матичните книги на родени, венчани и умрени (рачно и во електронска форма), нивна заштита и чување, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење на постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги.

Во матичните книги на родени, венчани и умрени се евидентираат податоци поврзани со фактите на раѓање, склучување брак и смрт на државјани на Република Македонија, без оглед дали живеат или не во Република Македонија, како и податоци поврзани со фактите на раѓање, склучување брак и смрт на странци и лица кои немаат државјанство на Република Македонија, а кои се случиле на територијата на Република Македонија.

Согласно член 3 од Правилникот за начинот и висината на трошоците за склучување на брак надвор од службените простории на Управата за водење на матичните книги, а по официјално објавените податоци од Државниот завод за статистика на Република Македонија, се прави корекција на надоместокот за склучување на брак надвор од службените простории.

Надоместокот кој се плаќаше 3.000,00 денари сега изнесува 3102,00 денари, за надоместокот кој се наплатуваше 3.300,00 денари сега изнесува 3.402,00 денари, додека за надоместокот кој изнесуваше 6.600.00 денари сега изнесува 6.804.00 денари.