Информации

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Управа за водостопанство
Ул. „Даме Груев“ Бл.2 Лок.5, 1000 Скопје телефон: 02/3111792.

Управа за водостопанство

Водостопанството е јавно правно лице, кое врши економично стопанисување, користење, функционирање, одржување и контрола на системите во целина, заради:

  1. снабдување со вода за наводнување;
  2. снабдување со вода на комунално претпријатие за водоснабдување за консумирање од страна на човекот (вода за пиење и други потреби) и технолошки потреби;
  3. снабдување со вода за индустриски и технолошки (стопански) потреби вклучувајќи го и производството на електрична енергија;
  4. одводнување на земјиште.

При вршење на својата дејност, водостопанството:

  • обезбедува оптимални услуги за корисниците на вода;
  • обезбедува подеднаков третман во давањето на услугите на сите корисници на вода;
  • пресметува и наплаќа надоместоци за услугите кои ги обезбедува;
  • презема мерки за рационално користење на водата, за намалување на загубите на вода на минимум;
  • презема мерки за штедење на водата;
  • совесно и одговорно управува со своите средства, работејќи со нив на внимателен и трошковно ефикасен начин;
  • го одржува и обезбедува ефикасно и одржливо функционирањето и користењето на системот со кој стопанисува;
  • ги спроведува прописите од областа на својата надлежност и општите и поединечните акти што ги донесува.

Водостопанството ги снабдува со вода за наводнување:

1. водните заедници; 2. индивидуалните корисници (физички и правни лица), кои се вон територијата на водната заедница, а имаат можност и потреба од наводнување.