Информации

Управа за заштита на културното наследство на РМ
Ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61
Поштенски бр. 1000 Скопје
Тел:
+389(2) 3289-703
Факс:
+389(2) 3289-777

Управа за заштита на културното наследство на РМ

Културно наследство се материјални и нематеријални добра коишто, како израз или сведоштво на човековото творештво во минатото и сегашноста или како заеднички дела на човекот и природата, поради своите археолошки, етнолошки, историски, уметнички, архитектонски, урбанистички, амбиентални, технички, социолошки и други научни или културни вредности, својства, содржини или функции, имаат културно и историско значење и заради нивната заштита и користење се наоѓаат под правен режим согласно со Законот заштита на културно наследство и друг закон.

(1). Заштитата на културното наследство се остварува особено со:

  •  Вршење на дејности од областа на културата што во целост или делумно се однесуваат  на заштитата на определен вид културно наследство (во натамошниот текст: дејности за заштита);
  •  Вршење на управни, стручни и други работи на заштита што се од значење за остварување на функциите на државата и правата и должностите на граѓаните и правните лица во врска со културното наследство;
  •  Организирање мрежа на специјализирани служби и постојани советодавни и координативни тела за заштита, како на национално, така и на локално ниво;
  • Утврдување на национална стратегија за заштита и нејзино ефикасно спроведување;
  • Развивање на свеста за значењето на културното наследство и опасностите на кои е изложено и потребата од негова заштита (протекторска свест);
  •  Изградување и унапредување на компатибилен информативен систем за културното наследство и негово поврзување  со специјализираните и општите системи и мрежи на национално и меѓународно рамниште;
  •  Меѓународна помош, соработка и заштита на националното културно наследство и
  • Стимулирање на невладините организации и приватните иницијативи за заштита и користење  на културното наследство.

(2) Заштитата на недвижното културно наследство се остварува и со негово задолжително вклучување во просторните и урбанистичките планови и во плановите  и програмите за заштита на животната средина и природата, како и со негов третман како фактор на одржливиот економски и социјален развој, особено во насока на развојот на културниот туризам, домувањето, специфичните занимања и едукацијата.

(3) Заштитата на движното културно наследство се остварува и со ефикасно управување со ризиците на кои тоа е изложено, особено во поглед  на нелегалните ископувања, криумчарењето, кражбите, присвојувањето и другите противправни дејствија, како и во поглед на условите на чување, ракување, транспорт, изложување и друго.

(4) Заштитата на духовното културно наследство се остварува и со изработување и чување на записи за него, како и со поттикнување на неговото пренесување во изворните и другите средини.