Информации

Управата за наменско производство
Ул "Михаил Цоков бб", 1000 Скопје, Барака 7
тел. +389 (2) 3227-521,

Управа за наменско производство

Управата за наменско производство при Министерството за економија ги врши стручните работи во врска со остварувањето на производството и прометот на вооружувањето и воената опрема.

Притоа, под производство на вооружување и воена опрема се подразбира истражување и развој, усвојување на технологија за производство на готови производи, полупроизводи, склопови, потсклопови, делови, суровини и репродукциони материјали и други технички средства, модернизација и опремување на капацитетите за производство и одржување и ремонт на средства на вооружување и воена опрема, додека под промет на вооружување и воена опрема се подразбира купување и продавање на воена опрема во Републиката и во надворешно – трговското работење. Во Република Македонија е забрането производство и промет на оние средства на вооружување и воена опрема чија употреба е забранета според меѓународните конвенции.