Информации

Уставен Суд на РМ
Кеј „Димитар Влахов“ бр.19, 1000, Скопје
тел/факс. + 389 2 3119 355
Е-пошта. mail@ustavensud.mk

Уставен суд на РМ

Надлежноста на Уставниот суд на Република Македонија е утврдена само со Уставот. Во повеќе закони се среќаваат одредби во кои се утврдува обврска на определени органи во определени ситуации да поднесат иницијатива пред Судот за поведување постапка за оценување уставноста или законитоста на одделни акти, но тие не претставуваат извор на надлежноста на Судот. Во таа смисла доколку, на пример, актот што се оспорува нема карактер на пропис, Уставниот суд нема да ја прифати иницијативата на органот, иако нејзиното поднесување било резултат на законска обврска. Според Уставот, Уставниот суд ги има следните видови надлежност:

  • контрола на уставноста и законитоста;
  • заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот;
  • решавање на судир на надлежност;
  • одлучување за одговорноста на претседателот на републиката и
  • други надлежности.

Уставниот суд го сочинуваат девет судии. Претседателот го избира Судот од редот на судиите за време од три години, без право на повторен избор. Судиите ги избира Собранието на Република Македонија за време од девет години без право на повторен избор. Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници.