Информации
Надлежниот суд - според местото на живеење
- Основен суд во Берово за подрачјето на општините: Берово и Пехчево;
- Основен суд во Битола за подрачјето на општините: Битола, Могила Новаци и Демир Хисар, со Судско одделение во Демир Хисар;
- Основен суд во Виница за подрачјето на општината Виница;
- Основен суд во Велес за подрачјето на општините: Велес, Градско и Чашка;
- Основен суд во Гевгелија за подрачјето на општините: Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово, со Судско одделение во Валандово;
- Основен суд во Гостивар за подрачјето на општините: Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша;
- Основен суд во Дебар за подрачјето на општините: Дебар и Жупа;
- Основен суд во Делчево за подрачјето на општините: Делчево и Македонска Каменица;
- Основен суд во Кавадарци за подрачјето на општините: Кавадарци и Росоман;
- Основен суд во Кичево за подрачјето на општините: Кичево, Вранештица, Другово, Зајас, Осломеј, Пласница и Македонски Брод, со Судско одделение во Македонски Брод;
- Основен суд во Кочани за подрачјето на општините: Кочани, Зрновци, и Чешиново - Облешево;
- Основен суд во Кратово за подрачјето на општината Кратово;
- Основен суд во Крива Паланка за подрачјето на општините: Крива Паланка и Ранковце;
- Основен суд во Куманово за подрачјето на општините: Куманово, Липково и Старо Нагоричане;
- Основен суд во Крушево за подрачјето на општината Крушево;
- Основен суд во Неготино за подрачјето на општините: Неготино и Демир Капија;
- Основен суд во Охрид за подрачјето на општините: Охрид и Дебарца;
- Основен суд во Прилеп за подрачјето на општините: Прилеп, Долнени и Кривогаштани; Охрид и Дебарца;
- Основен суд во Радовиш за подрачјето на општините: Радовиш и Конче; Кривогаштани; Охрид и Дебарца;
- Основен суд во Ресен за подрачјето на општината Ресен;
- Основен суд во Свети Николе за подрачјето на општините: Свети Николе и Лозово;
- Основен суд Скопје II - Скопје за подрачјето на општините: Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај, Кисела Вода, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Чаир , Шуто Оризари, Чучер Сандево, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петровец, Илинден и Арачиново;
- Основен суд во Струга за подрачјето на општините: Струга и Вевчани;
- Основен суд во Струмица за подрачјето на општините: Струмица, Василево, Босилово и Ново Село;
- Основен суд во Тетово за подрачјето на општините: Тетово, Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце и Теарце;
- Основен суд во Штип за подрачјето на општините: Штип, Карбинци и Пробиштип, со Судско одделение во Пробиштип.
Уверение дека лицето не е лишено од деловна способност
Опис на постапка
- Образецот на молбата за издавање на уверение дека лицето не е лишено од деловна способност ја издава надлежниот суд според живеалиштето на лицето,
- Молбата пополнете ја со кирилично писмо на рака или на машина за пишување,
- Молбата се таксира со 80 денари судски марки,
- За потврдата уплаќате 240 денари на трезорска сметка на народна банка во согласност со законот за судски такси.
Потребни документи
-
молбата за издавање на уверение дека лицето не е лишено од деловна способност;
-
лична карта и фотокопија од лична карта;
-
80 денари судски марки и
-
240 денари на уплатница.