Информации

Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот Регионални дирекции

Уверение за платени даноци и придонеси

Поднесување на барање (образец БПДП/ПЛ/СВД)

По претходно поднесено барање (образец БПДП/ПЛ/СВД) во писмена форма до надлежната даночна канцеларија и исполнување на условите за издавање на уверението (правното лице да нема неподмирени даночни обврски и придонеси по сите основи: персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, такси и други даноци, како и сите видови на придонеси за кои е надлежна УЈП), Управата за јавни приходи издава „Уверение за платени даноци и придонеси“ по следните основи:

  • за одобрување на програма за курсисти (кај текстилците);
  • за учество на тендер;
  • за користење на кредит;
  • за учество на конкурс за добивање простор по закуп;
  • за учество на лицитација;
  • за барање за доделување на земјоделско земјиште;
  • за добивање лиценца;
  • за физичка делба на имот;
  • за пренос на имот;
  • за добивање дозвола;
  • за привремен увоз;
  • за имотен лист;
  • за пред нотар;
  • за пред суд;
  • за пред Централен регистар;
  • за пред соодветно министерство;
  • за бришење од судски регистар;
  • за добивање на концесија;
  • за ревизија;
  • за пред деловна банка;
  • за пред Народна банка и
  • по други основи.

Административна такса

За издавање на „Уверение за платени даноци и придонеси“ предвидено е плаќање на административни такси во вкупен износ од 100,00 денари, односно: 50,00 денари за барањето и 50,00 денари за уверението.

Рок за издавање на уверението

Уверението за платени даноци и придонеси, УЈП го издава веднаш или најдоцна во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

Уверението се издава во два примерока. Едниот примерок му се дава на даночниот обврзник, а другиот примерок останува во Управата за јавни приходи.

Доколку даночниот обврзник врз основа на доказите со кои располага смета дека уверението не му е издадено во согласност со податоците од службената евиденција, може да бара од УЈП измена на уверението или да му се издаде ново уверение, со истовремено приложување на доказите.

Издавање на уверение во случаи на одобрено плаќање на даночните обврски на рати

Во случаите кога на даночниот обврзник му е одобрено одложено плаќање на даночните обврски на рати, а истиот поднел барање за издавање на уверение за платени даноци и придонеси, Управата за јавни приходи може да му издаде уверение во кое е забележано дека обврзникот има неплатени обврски за кои му е одобрен репрограм и тоа само доколку даночниот обврзник се придржува на роковите во Решението и навремено ги уплаќа ратите, како што е утврдено и доколку сите останати даночни обврски за кои не е одобрен репрограм му се намирени.

Доколку постапката по барање за одложено плаќање на даночните обврски на рати е во тек и се уште не е завршена со донесување на Решение, а даночниот обврзник во меѓувреме поднел барање за издавање на уверение за платени даноци и придонеси, во таков случај уверение нема да му се издаде, се додека не биде донесено Решение за одложено плаќање на даночните обврски и не се отпочне со плаќање на ратите, за да се потврди сигурноста дека даночниот обврзник ќе ги плати обврските. Во овој случај во Уверението ќе биде забележано дека даночниот обврзник има обврски, за кои УЈП му дала согласност за плаќање на рати и дека доспеаните рати навремено ги измирува.

Одбивање на барањето

Барањето за издавање на уверение, се одбива во случаи кога даночниот обврзник ги нема подмирено, односно должи данок и придонес кон Управата за јавни приходи.

Во ваков случај УЈП ја запира постапката за издавање на уверение за платени даноци и придонеси и едновремено му наложува на даночниот обврзник во рок од 8 дена од денот на доставување на Заклучокот да го плати долгуваниот данок и придонес.

Доколку во предвидениот рок од 8 дена по доставувањето на Заклучокот, даночниот обврзник не ги плати долгуваните даноци и придонеси, УЈП ќе донесе решение со кое ќе се одбие барањето за издавање на уверение за платени даноци и придонеси. Во Решението ќе биде наведено образложение за причините за одбивање на барањето за издавање на уверение.