Информации

Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот Регионални дирекции

Враќање на данокот на добивка

Доколку даночниот обврзник во вид на аконтација на данокот на добивка на непризнаените расходи, платил поголем износ на данок од износот што ќе се утврдува како даночна обврска во Даночниот биланс на непризнаените расходи (образец “ДБ“) по истекот на даночниот период (годината), може од УЈП да бара враќање на повеќе платениот износ.

Управата за јавни приходи е должна повеќе платениот данок на добивка на непризнаените расходи да му го врати на обврзникот на негово барање, во рок од 60 дена од денот на поднесувањето на барањето за враќање.

Враќање на данок на добивка на непризнаените расходи со пребивање со месечните аконтации

Доколку даночниот обврзник не побара враќање на повеќе уплатениот данок на добивка утврден во даночниот биланс за годината, повеќе платениот износ се смета за платена аконтација за наредниот период.

Враќање на данок на добивка на непризнаените расходи со пребивање со останатите даночни обврски

Враќањето на данокот се спроведува и со пребивање на повеќе платениот данок на добивка на непризнаените расходи со данокот на добивка на исплатените дивиденди и други распределби од добивката, утврден во образецот ДД-ИД.

  • Враќањето на данокот се спроведува и со пребивање на повеќе платениот данок на добивка  на непризнаените расходи со пристигнатите даночни долгови на даночниот обврзник по друг основ.

По барање на даночниот обврзник за спроведеното пребивање, УЈП донесува даночен управен акт.

Доколку и по пребивањето се утврди дека даночниот обврзник сеуште побарува данок, Управата за јавни приходи има обврска решението за враќање на данокот да го донесе во најкус можен рок.