Информации

Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот Регионални дирекции

Време на настанување на даночен долг

  • кај прометот на добра – во моментот кога е извршен прометот на доброто.
  • кога доброто се превезува или испраќа – во моментот на започнување на превозот или на испраќањето.
  • кога доброто се монтира или инсталира – моментот на завршување со работите на монтажа или инсталирање.
  • кај вршење услуги – во моментот на целосно извршување на услугата.
  • кога плаќањето е извршено пред извршување на прометот – моментот кога е добиено плаќањето во висина на данокот за добиениот износ.
  • кај периодичен или континуиран промет кој предвидува последователни плаќања – денот на кој е издадена фактура за соодветниот период.
  • кај економски делив промет кој се должи и извршува во делови – денот во кој е извршен соодветниот дел од прометот.
  • кај автомати за продажба на добра или за извршување на услуги кои работат со монети, книжни пари или жетони – денот на кој монетите, книжните пари или жетоните се вадат од автоматот.
  • при увоз на добра – денот на настанување на обврската за плаќање на царина и другите увозни давачки или денот на внесување на доброто во земјата, кога се работи за добро кое не подлежи на плаќање царина.
  • за добра кои подлежат на режимот на добра во слободни зони, царински зони, царински складови, добра во транзит или привремено увезени добра – моментот кога доброто се пушта во слободен промет.
  • во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршени од страна на закупецот, се смета: 1. Денот на престанување на договорот за закуп, во случај на истекување на времето за кое е склучен, освен кога закупот се продолжува; или 2. Денот на раскинување или откажување на договор за закуп; или 3. Денот кога е извршена уплатата на надоместокот од страна закуподавачот, кога за време на важноста на договорот за закуп е извршен прометот со надомест од закупецот кон закуподавачот.
  • за време на настанување на даночен долг во постапка за присилна наплата и во постапка за присилно извршување се смета денот кога е извршена уплата од страна на стекнувачот на доброто, во случај на прометот на добро кое е предмет на продажба во постапка за присилна наплата или во постапка за присилно извршување.