Информации

Врховен суд на РМ
бул. Крсте Мисирков бб
тел: +389 (2) 3136 044
факс: +389 (2) 3237 538
Информации од јавен карактер:
+389 (2) 3136 044
email: lidija.tanevska@vsrm.mk

sonja.gruevska@vsrm.mk>

Врховен суд на РМ

Организацијата на работата во Врховниот суд е уредена  според Законот за судови  и Законот за изменување и дополнување на Законот за судови .
Како највисок суд во државата, е надлежен:
  • да решава во втор степен против одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон;
  • да решава во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите судови;
  • да решава во втор степен по жалба на одлуките на Управниот суд во случаите предвидени со закон;
  • да решава по вонредно правни лекови против правосилните одлуки на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон;
  • да решава за судир на надлежност меѓу основните судови од подрачјето на различни апелациони судови, судир на надлежности меѓу апелационите судови, судир на надлежност меѓу Управниот суд и друг суд и да решава за месна надлежност кај овие судови;
  • да одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок, во постапка утврдена со закон пред судовите во Република Македонија и
  • да врши други работи определени со закон.

Со организацијата и начинот на работата на Судот треба да се обезбеди законито, непристрасно, чесно и во разумен рок вршење на функцијата, непречено остварување на правата и обврските на странките, без оглед на нивната положба и својство, како и економично остварување на правата и обврските на странките.

  • Бројот на судиите во Судот се утврдува со одлука на Собранието на Република Македонија, на предлог на Општата седница на Судот.
  • Бројот на работниците се утврдува со Правилникот за систематизација на работите и работните задачи, што го донесува претседателот на Судот согласно со актот на министерот за правда.