Информации

Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот Регионални дирекции

Задржан данок

Задржувањето на данокот се врши на приходите кои се исплатени во Република Македонија или во странство на странските правни лица, а кои што не се остварени во рамките на деловниот потфат на постојана деловна единица на странското лице на територија на Република Македонија, под услов поинаку да не е определено со Меѓународните договори за одбегнување на двојното оданочување.

Приходи на кои се задржува данокот се:

  • приход од дивиденди;
  • приход од камата од резидент;
  • приход од камата од нерезидент кој има постојана деловна единица во Република Македонија, ако каматата е на трошок на постојаната деловна единица;
  • приход од авторски хонорар исплатен од резидент;
  • приход од авторски хонорар исплатен од неризидент со постојана деловна единица во Република Македонија, ако авторскиот хонорар е на трошок на постојаната деловна единица;
  • приход од забавни или спортски активности кои се вршат во Република Македонија;
  • приход од вршење на менаџмент, консалтинг, финансиски услуги и услуги на истражување и развој, ако приходот е исплатен од резидент или е на трошок на постојаната деловна единица во Република Македонија;
  • приход од осигурителни премии за осигурување или реосигурување од ризици во Република Македонија;
  • приход од телекомуникациски услуги помеѓу Република Македонија и странска држава; и
  • приход од закуп на недвижности во Република Македонија.

Задржувањето на данокот го вршат:

  1. домашните правни лица;
  2. домашните физички лица – регистрирани за вршење на дејност и
  3. постојаната деловна единица на странското правно или физичко лице во Република Mакедонија.

Стапката на задржаниот данок на приходот кој го остварува странското правно лице од 2008 година и натаму, за сите видови на приходи изнесува 10%.

  • Доколку примателот на приходите врз кој се применува задржување на данокот е резидент на држава со која РМ има потпишано договор за одбегнување на двојното оданочување и двојното ослободување, оданочувањето и применетата даночна стапка, не може да биде поголема од утврдената во договорите.
  • Заради примена на одредбите од договорите, странските правни лица (остварувачи на приходите) им обезбедуваат на субјектите кои што го уплатуваат (плаќаат) приходот, потврда за резидентен статус од странската држава, односно обрасци: 1, 2, 3 и 4 од Правилникот, потврдени од надлежниот даночен орган на странската држава.

Лицата кои што имаат обврска да вршат задржување на данокот, пред да извршат плаќање на странското правно лице, должни се од даночниот орган да побараат “идентификационен број” за странското правно лице.

  • Еднаш годишно до Управата за јавни приходи доставуваат Извештај за уплатениот данок по одбивка, на образецот ДД-И. Овој образец се доставува до 15 февруари во наредната година, по годината во која постоела обрска за задржуање на данок.

Доколку во период од 3 години по истекот на годината во која приходот е исплатен и данокот е задржан, странското правно лице поднесе Барање за враќање на данокот (образец 5, 6, 7 и 8 од Правилникoт), заради поврат на повеќе платен данок, во однос на данокот кој што согласно одредбите од договорите за одбегнување на двојното оданочување требало да биде платен или требало да биде исклучен од плаќањето, УЈП ќе изврши враќање на задржаниот данок.

  • Враќањето се врши во домашна валута, во висина на задржаниот данок.
  • Износот се враќа на сметката назначена во барањето.