Информации

Министерство за транспорт и врски на РМ
Ул. "Црвена Скопска Општина" број 4, 1000 Скопје
тел. + 389 (2) 3145 497
+ 389 (2) 3123 292
факс. + 389 (2) 3126 228
e-mail: contact@mtc.gov.mk
- Централен регистар на РМ
Бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 2 3290-241,
+ 389 2 3290-248
Факс.+ 389 2 3123-169
Центар за помош на корисници:
E-mail: tehnichkapomosh@crm.org.mk
Работно време
Понеделник до петок:
8.30 - 16.30
- Регистар на станбени згради и станови и регистар на управители на станбени згради (општината под која истите спаѓаат)

Заедница на сопственици

Со определувањето на управител или со регистрирањето на заедницата на сопственици престанувааат да постојат куќните совети. Заедница на сопственици е правно лице чија главна цел на делување е управувањето со стамбената зграда. 

Опис на постапка

  1. Одлуката која треба да ја донесат сопствениците на посебните делови (сопственик на стан или деловен простор) за формирање заедница на сопственици како правно лице за управување со станбената заграда е донесена кога за неа гласале повеќе од половина од сопствениците на посебните делови, односно повеќе од 50 проценти од становите и деловните простории во зградата.
  2. Сопствениците на посебните делови треба да донесат статут на заедницата на сопственици. Статутот содржи име и седиште на заедницата на сопственици, лично име и адреса односно назив и седиште на сопствениците на посебните делови – членови на заедницата, податоци за посебните делови содржани во катастарот на недвижности (имотен лист), начини на одлучување на заедницата на сопственици, на именување претседател и негови овластувања и на исполнување на обврските на членовите на заедницата. Исто така, заедницата на сопственици треба да содржи име на заедницата како правно лице – „3аедница на сопственици“ со адреса на станбената зграда, додека седиштето на заедницата на сопственици е адресата на станбената зграда.
  3. Заедница се стекнува со статут правно лице откако ке биде регистрирана во Централниот регистар на Република Македонија. Кон пријавата за запишување во Централниот регистар се приложуваат одлука за основање, статут на заедницата на сопственици, други исправи во согласност со прописите за упис во Централниот регистар на Република Македонија и  документ за назначување претседател на заедницата на сопственици.
  4. Секоја општина, општините во градот Скопје за своето подрачје востановуваат и водат регистар на станбени згради и станови и регистар на управители на станбени згради. Откако заедницата на сопственици ќе биде регистрирана во Централниот регистар, претседателот има обврска да ја пријави во Регистарот на управители на станбени згради во општината под која припаѓа и притоа, да достави фотокопија од решението за упис на заедницата на сопственици во Централен регистар и Статут на заедницата на сопственици заведен со деловоден печат, како и со потпис и печат од претседателот на заедницата. Управителите на станбените згради при пријавувањето за упис во регистарот на управители на станбени згради на територијата во општините, треба да достават фотокопија од Договор за извршување услуги за управување.
  • Заедницата на сопственици има право да склучува договори за работи на управување на станбената зграда и не може да врши друга дејност, истата е непрофитна организација. Нејзиното финансиско работење на заедницата на сопственици се врши согласно со Законот за сметководство на непрофитните организации.
  • Имотот на Заедницата на сопственици е составен од парични средства на сметка што ги уплатуваат членовите по основ на управување на станбена зграда и уплатите во резервниот фонд.
  • Заедницата на сопственици е должна да води одвоена сметководствена евиденција за трошоците на управување и за средствата од резервниот фонд.
  • Членовите  се должни да плаќаат месечно на заедницата на сопственици секој свој дел од трошоците за управување и резервниот фонд.

Доколку се постапува спротивно од Законот за домување следуваат глоби за направените прекршоци.

Потребни документи (Централен Регистар)

Потребни документи (Регистар на управители на станбени згради во општина)

  • Решението за упис во заедницата на сопственици;
  • одлука за именување на претседател на заедницата;
  • седиште и назив на заедницата;
  • фотокопија од решението за упис на заедницата на сопственици во Централен регистар;
  • статут на заедницата на сопственици заведен со деловоден печат и
  • фотокопија од Договор за извршување услуги за управување.