Информации

Агенција за катастар на недвижности на РМ
Генерална дирекција Ул.Трифун Хаџијанев бр.4, 1000 Скопје
Бесплатен телефонски број: 0800 80 800
Тел.(02) 3204 800
Факс.(02) 3171 668
е-пошта: office@katastar.gov.mk; info@katastar.gov.mk
Работно време
од понеделник до петок
од 8:30 до 16:30

Постапка за запишување во катастар на недвижности

Запишувањето на незапишаните права на недвижностите по востановен катастар на недвижности се врши за недвижности што останале со незапишани права при систематското запишување. За да извршите запишување на незапишаните права на недвижностите по востановен катастар на недвижности, потребно е да се обратите на шалтерот за прием во катастарското одделение надлежно за територијата на која се наоѓа недвижноста и да приложите:

  • ПРИЈАВА во писмена форма;
  • правна основа за запишување
  • геодетски елаборат;
  • доказ за платен надоместок за услугата во согласност со член 2 од Tарифникот за висината на надоместокот за запишување недвижности кои останале со незапишани права и запишување промени во катастарот на недвижности и катастарот на инфраструктурни објекти како дел од катастарот на недвижности кој е објавен на веб – страницата на АКН.
Уплатата може да се врши на шалтерот во  Катастарот со платежна картичка на ПОС терминал или на уплатница (образец ПП 50) во банка или во пошта.

Времетраењето на оваа услуга од Катастарот е 15  дена. По извршеното запишување на незапишаните права на недвижностите во востановен катастар на недвижности, можете да поднесете барање за да добиете имотен лист.

Дополнителни информации

Ако имате некоја поплака околу незаконското работење на одредени службеници во Катастарот, но и да се информирате до каде е постапката за Вашиот предмет, обратете се на бесплатниот телефонски број 0800 80 800.