СEРВИСНИ ИНФОРМАЦИ: До 31 јануари е рокот за пријавување на данок на имот
Петок, 18 јануари 2013 година – Сите правни и физички лица кои имаат непријавен недвижен имот или извршиле промена на сопственост на имотот, до крајот на месецов 31 јануари согласно член 29 од Закон за даноци на имот, промените треба да ги пријават во Град Скопје.
Пријавувањето на недвижниот имот или промената на сопственост на имотот се врши во Град Скопје, барака број 16, Сектор за финансиски прашања.
Кон пријавата потребно е да се достават следниве документи:
- копија од имотен лист или купопродажен договор;
- наследно решение;
- договор за подарок (правниот основ со кој се врши стекнувањето или промената на имотот);
- лична карта на увид.