/ Прочитано:

802

СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ: До крајот на годината фирмите со електронско осигурување

Понеделник, 8 октомври 2012 –  До крајот на годината ќе почне да функционира електронското осигурување, а први елетронските услуги ќе ги користат фирмите и здравствените установи. Фирмите ќе може да аплицираат по електронски пат за издавање на електронски здравствени картички, а осигурениците нема да носат сини картони. 

4 електронски услуги ќе се применуваат од наредната година

По електронски пат ќе се пријавува и одјавува здравственото осигурување, а фирмите за промените по електронски пат ќе го известуваат Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Исто така, по електронски пат ќе се спроведуваат пријавите и одјавите за избран лекар, што ќе им овозможи на докторите да го известат ФЗО дека се избрани за матичен лекар на некој граѓанин. Фирмите електронски ќе аплицираат за издавање на електронски картички, а со тоа лесно ќе се проверува статусот на вработените за здравствено осигурување. Осигурениците повеќе нема да имаат потреба од сини картони.

Со овие 4 услуги завршува првата фаза на проектот „Електронско осигурување“. Се очекува наредната година да почне и втората фаза во која ќе се воведуваат услуги во корист на осигурениците, како поднесување барања за поврат на средства за медицинско или за болничко лекување и поврат на средства за ортопедски помагала.