СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ: Рокот да ги замените старите возачки дозволи истекува, потоа казни
Среда, 26 септември 2012 – На 1 октомври истекува рокот за замена на старите возачки дозволи. Возачите кои и по овој рок ќе возат без биометриска возачка дозвола, а ќе ги запре полиција, ќе платат казна од 45 евра во денарска противвредност, или ќе заработат 25 казнени поени.
Како што велат од МВР, казни нема да плаќаат само оние што се во процедура на вадење на новиот документ.
Вадењето на нова возачка дозвола во редовна постапка чини 490, а во итна 1050 денари. Обрасците за вадење на нова возачка дозвола можат да се најдат во управните служби на МВР или, на интернет страницата на Министерството.
>> Сите постапки поврзани со издавање на документот возачка дозвола можете да ги проследите тука.