СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ: Истекува рокот за аплицирање за електронска здравствена картичка

Понеделник, 10 јуни 2013 – Сите правни и физички лица кои немаат доставено барање или уплата за издавање на ЕЗК, истото треба да го направат во најбрз можен рок во подрачните служби на ФЗОМ, повикуваат од Фондот. Согласно законската регулатива сите осигуреници  мораат да имаат електронска здравствена картича (ЕКЗ) заклучно со 30 јуни 2013 година.

Во ФЗОМ досега се пристигнати 250 јавувања на бесплатниот телефонски 0800 33 2222 од пенизонери кои се на возраст над 70 години, како и на изнемоштени лица кои побараа документите за ЕЗК да им бидат превземени од нивните домови.

Заклучно со петок, 08 јуни 2013 година 230 осигуреници се веќе посетени, а 20 ќе бидат посетени денес, информираат од ФЗОМ.

 Истовремено, поради зголемениот обем на телефонски јавувања на бесплатниот телефон, ФЗОМ обезбеди повеќе телефонски линии да бидат на располагање на граѓаните во овој временски период за да можат да се јават и да ги добијат сите потребни информации, односно да достават барања за преземање на документацијата од нивните домови.

Барање за издавање на ЕЗК осигурениците можат да поднесат во Подрачната Служба Скопје, од 07:30 до 19:00, како и на шалтери на ФЗОМ во Драчево, Ѓорче Петров и Чаир. Во дополнителни четири единици кои се сместени во поликлиниките Букурешт, Идадија, Јане Сандански и Ченто има одговорно лице од ФЗОМ за прием на документацијата за барања за издавање на ЕЗК.