/ Прочитано:

793

СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ: Истекува рокот за поднесување на ДДВ-пријавите до УЈП

Петок, 25 јануари 2013 –  Денеска 25.01.2013 истекува рокот за поднесување на ДДВ-пријавите до Управата за јавни приходи (УЈП), со кој и официјално отпочна да се применува новата законска обврска за месечните ДДВ обврзници за задолжително пријавување на ДДВ по електронски пат преку системот е-Даноци, која стапи на сила од 1 јануари 2013 година, сооопштуваат од УЈП.

Според последната евиденција на УЈП, од вкупно 4594 месечни ДДВ обврзници, само 186 фирми се немаат регистрирано за користење на е-Даноци.

„Користејќи ги бенефитите од електронската комуникација, фирмите кои сеуште не се усогласиле и кои не поднеле ДДВ пријава до УЈП, истото ќе можат да го сторат во текот на денешниот ден најдоцна до 23.59 часот, со што ќе се смета дека ја исполниле својата законска обврска во пропишаниот рок. Како со воведувањето на секоја новина во даночното работење, праксата покажува дека фирмите секогаш ги чекаат последните рокови. И покрај активната кампања на УЈП за информирање и обука на фирмите и сметководствените бироа, која се спроведе во периодот октомври-декември 2012 година, поголемиот дел од обврзниците електронските ДДВ-пријави ги доставија до УЈП во последните 3 дена.“ – стои во соопштението на УЈП.