/ Прочитано:

845

СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ: Казни до 5000 евра, за оние кои ќе продаваат алкохолни пијалоци по 19 часот

Понеделник 1 мај 2012 – Од денеска продажбата на алкохолни пијалоци се враќа во стариот тајминг, односно продажбата на истите ќе се врши  до 19:00 часот, наместо до 21:00 часот како што беше за време на летниот период.

Државниот пазарен инспектор, доколку при инспекцискиот надзор утврди дека се врши продажба на алкохолни пијалоци спротивно на одредбите од  Законот за трговија, на лице место ќе изрече мерка за привремена забрана на вршење на дејност до 15 дена и ќе ги одземе алкохолните пијалоци. Паричните казни се движат до 5000 евра.


Би можело да ве интересира: