/ Прочитано:

1.100

СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ: „Мобилен даночен шалтер“ на УЈП во Аеродром

Вторник, 23 мај 2013 – Во четврток,  пред седиштето на Општина Аеродром во текот на работното време Управата за јавни приходи (УЈП) ќе постави „Мобилен даночен шалтер“, преку кој даночните услуги ќе можат да се доближат до даночните обврзници, информираат од Општината.

„Преку опремено комбе како даночна мобилна канцеларија, граѓаните и фирмите ќе имаат можност да ги добијат сите даночни услуги и информации, да ги достават сите видови даночни пријави и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП“, стои во соопштението.