/ Прочитано:

895

МВР и денеска издава лични карти

Недела, 7 април – Во Управните служби на МВР во Скопје граѓаните можат и денеска  да аплицираат за добивање нов личен документ во  времето од 8:30  до 16:30 минути.

Денеска сите оние кои не успеале досега да извадат лична карта, а живеат на територијата на Скопје , ќе можат да аплицираат за добивање нов личен документ во периодот помеѓу 08.30 до 16.30 часот, во Управните служби на МВР во Скопје.

Во останатиот дел од земјава, управните служби денеска само ќе издаваат веќе направени лични карти, главно за оние граѓани кои вчера аплицицирале за нови документи.

Поради вториот круг од локалните изботи, службите за аплицирање и издавање лични катри останаа отворени во текот на викендот.