/ Прочитано:

907

СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ: Од 2013 година задолжително користење на е-даноци за ДДВ обврзниците

Од 2013 година, ДДВ обврзниците имаат законска обврска ДДВ-пријавите и даночните биланси пропишани со Законот за данокот на добивка да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат преку системот е-Даноци (согласно Закон за даночна постапка „Службен весник на РМ“, бр.84/12), информираат од УЈП.

Законскиот рок за задолжително поднесување на даночните пријави преку https://etax-fl.ujp.gov.mk за месечните ДДВ обврзници е 1 јануари 2013 година, додека за тримесечните ДДВ обврзници рокот е 1 јули 2013 година.

Заради навремено усогласување со новите законски обврски, УЈП им препорачува на сите ДДВ обврзниците да не го чекаат последниот рок и да го искористат периодот октомври-декември за прилагодување и користење на придобивките од електронската комуникација и поднесување на даночни пријави и други обрасци до УЈП.

Како што се наведува во соопштението на УЈП, доколку навреме и во предвидените рокови обврзниците не ги преземат потребните чекори, нема да бидат во можност да ги користат електронските услуги на УЈП, односно постои ризик да не ги исполнат навреме своите законски обврски за поднесување на даночни пријави и пријавување на ДДВ и Данок на добивка во Управата за јавни приходи.