СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ: Од денеска казни за стари возачки дозволи

Понеделник, 1 октомври 2012 – Истече рокот за замена на старите возачки дозволи. Од денеска сите оние кои не поседуваат или не поднеле барање за издавање на биометриска возачка доз­во­ла, а ќе ги запре полиција, ќе платат казна од 45 евра во де­нар­ска противвредност, или ќе заработат 25 казнени поени.

Како што велат од МВР,  казни нема да плаќаат оние што се во про­це­ду­ра на вадење на новиот документ. 

Ва­де­ње­то на нова возачка дозвола во редовна постапка чини 490, а во ит­на 1050 денари. Обрасците за вадење на нова возачка дозвола можат да се најдат во управните служби на МВР или, на интернет страницата на Ми­нис­терс­тво­то.

>> Сите постапки поврзани со издавање на документот возачка дозвола можете да ги проследите тука.