/ Прочитано:

887

СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ: Од први јуни стартува сезонскиот времен режим за товарни возила

Среда, 29 мај 2013 – Oд први јуни стартува сезонскиот вонреден времен режим на сообраќај на забрана за движење на тешки товарни моторни возила на подрачјето на Град Скопје.

Забраната ќе важи во временски период од 10 часот наутро до 20 часот и ќе трае се до први септември.

Ваквиот режим се воведува поради заштита за коловозите од оштетување поради големите осни оптоварувања на тешките товарни моторни возила во услови на високи дневни температури во летните денови.

Овој режим на сообраќај не се однесува тешките товарни возила што превезуват лесно расипливи стоки, медицински препарати и жива стока.

„Се молат сите учесници кои управуват тешки товарни возила да се придржуват на поставената сообраќајна сигнализација“, укажуваат од Град Скопје.